Осмиот регионален Саем за наука – Манифестација која ги надмина границите на креативноста и науката во основното образование Денес (21.10.2025), во реновираната свечена сала на ООУ „Димитар Миладинов“ од Скопје, се одржа осмиот и најголем регионален Саем за наука, манифестација која ги обединува училиштата, општествено одговорните организации и компании со цел да ја инспирира идната генерација на научници и истражувачи. Овој настан, кој се поклопи со отворањето на обновената сала, беше идеален за претставување на напорите што училиштето ги вложува во развојот на науката и образованието. За оваа значајна обнова на просторот, благодарни сме на Општина Центар за нивната поддршка. Саемот го отвори директорот на училиштето, г-дин Божо Бубало, кој истакна дека оваа манифестација претставува важен чекор кон создавање на научна атмосфера во училиштето и дека тој со гордост го претставува „Димитар Миладинов“ како дом на младата енергија и иновациите. Поддршката на науката во образованието...
Posts
Showing posts from November, 2025