Научна празнична седмица во ООУ „Димитар Миладинов“- Скопје
Во последните пет работни дена од 2025 година , ООУ „Димитар Миладинов“ од Општина Центар – Скопје беше домаќин на исклучително успешен училишен научен фестивал , кој траеше цела седмица и ја обедини науката, креативноста и празничниот дух. Во рамки на фестивалот беа реализирани над 100 различни експерименти , кои ги опфатија сите теми од предметот физика што се изучуваат во седмо, осмо и деветто одделение во основното образование. Дел од експериментите служеа како интересно и практично повторување на веќе изучените наставни содржини, додека други беа вовед во теми што допрва следуваат, со што дополнително се поттикнуваше љубопитноста, логичкото размислување и истражувачкиот дух кај учениците. На настанот активно учествуваа учениците од паралелките 9А, 9Б, 9В, 8Б, 7А и 7Б , односно вкупно околу 140 ученици , кои со голем ентузијазам, креативност и посветеност ги презентираа своите експерименти и научни откритија. Часовите и активностите б...