Проектни активности/Projektne aktivnosti/Project activites
Потребни информации за пишување пријава за Национална ознака на квалитет за eTwinning проект
1. Рок за пријавување на проектите е до 17 јули 2024.
2. Можеме да пријавиме максимум 4 проекти.
3. Пријава на проектот за Национална ознака за квалитет се наоѓа на насловната страна на проектот за кој сакате да пишувате пријава.
4.Во самиот проект треба да има страна за согласности од родители, проектни планови, и документ со екстерни линкови.
5. Критериуми за евалуација на eTwinning проект се:
соработка, употреба на ИКТ, педагошка иновација, имплементација во наставата, резултати, влијание и документирање.
6. Елиминациони подкритериуми се: ученичка соработка, избор и употреба на ИКТ, безбедност на интернет и заштита на лични податоци.
7. Пријавување:
Краток опис:
ЛИНКОВИ (website, blog, audio/video clips, etc.)надвор од TwinSpace.
Линковите подолу се дадени како QR кодови
Соработка помеѓу партнер училишта:
Активностите за соработка ја надминуваат комуникацијата. Ве молиме опишете
го работниот процес на проектот јасно опишувајќи ја поделбата на задачите
помеѓу вас и вашиот партнер(и). Особено, опишете:
а) Аспектите на проектот каде што соработувавте вие и вашиот партнер(и).
б) Активностите во кои учениците работеа заедно.
в) Како учениците ги постигнаа финалните производи од проектот.
а) Имавме одлична
соработка, разменувавме идеи, презентиравме начините на кои ги одбележувавме
значајните денови и презентиравме продукти. Се надеваме дека во наредната
година ке продолжиме со слични или исти активности.
Педагошки
пристапи
Ве молиме
опишете го следново:
а) Образовните
цели и педагошките пристапи што сте ги користеле со вашите ученици за време на
работата на проектот. (Примери; работа во мали групи, независно истражување од
ученици итн.
б) Ако вашите
ученици се многу млади, методите што ги користевте за да ги ангажирате.
1.Педагошка иновација и креативност:
Поинакво гледање на работите и согледување од разни научни аспекти.
Решавање на проблеми и учење од грешки. Развивање критичко мислење и
релевантност на заклучоците. Тимска работа и соработка, размена на идеи и
доаѓање до наједноставно решение.
Почитување на сечие мислење без разлика на возраста и можностите. Прекрасни искуства и полезни стекнати знаења.
Наставна интеграција
Ве молиме
опишете го следново:
а) Како се
обидовте да го интегрирате проектот во вашата постоечка наставна
програма/предмет/и и/или дали сте следеле мултидисциплинарен пристап.
б) Кои клучни
компетенции и вештини ги развивте кај вашите ученици за време на работата на
проектот.
2. Интеграција со наставниот план и програма:
Одлично интегрирање на проектните активности во редовната настава, всушност тие се составен дел од наставата и тоа оној позабавниот.
Кога проектот го имплементираме во наставата, на наставата и се зголемува квалитетот, станува побогата, поразновидна и повеќе експериментална.
Оваа година во наставната програма нагласок дадовме на климатските промени и во овој проект се со целда ги прошириме видиците и ја поедноставиме работата. Повеќе гледишта, подобри резултати.
б) Учениците се оспособија за критичко размислување и решавање на реални проблеми, експериментирање, демонстрации, правење постери, презентации. Се адаптиравме на современото живеење и се уверивме дека за благосостојба во училиштата е неопходна тимска работа.
Употреба на технологија
Ве молиме опишете:
а) Како технологијата е користена од сите
партнери за збогатување на активностите на проектот.
б) Како ги решивте проблемите со заштитата на
податоците и авторските права.
3. Користење на технологија:
a) Ги
користевме сите расположиви средства, компјутери, таблети телефони. Се
договоривме кои алатки и за кои потреби ќе ги користиме. Се е наведено на една
од страниците на проектот и сите подеднакво учествувавме.
б) Воведовме правилник на однесување на интернет, заштита и користење на интелектуалната сопстеност, ги одбележавме деновите на информатика и безбедност,..
Резултати и документација:
Ве молиме
опишете го влијанието што овој проект го имаше врз вашите ученици и врз вашата
работа како учител. Особено:
а) Како го
постигнавте збирот на цели на вашиот проект.
б) Како го
оценивте вашиот проект.
в) Како го дисеминиравте проектот и резултатите од проектот.
4. Резултати, влијание и документација
Многу изведени експерименти на темите што ги обработуваме на часовите во редовната настава. Многу видео материјали, фотографии и описи со одличен квалитет и трајна вредност. При изведувањето на исти или слични експерименти доаќавме до слични или исти резултати и заклучоци. Особено беа интересни докажувањата дека климата навистина се менува и колку се важни дрвјата за човековиот опстанок. Се потсетивме за агрегатните состојби, испарувањето и разладните својства на дрвјата и многу други интересни работи.
Учиме на едноставен и разбирлив начин.
- Целите се постигнати со паралелна работа, споделување и соработка.
- Проектот е повеќе од одличен затоа што обединува
сите возрасти и секој според можностите може да даде свој придонес.
- Резултатите од проектот ги презентиравме пред соучениците и им поделивме е-книги и разни материјали кои произлегле како продукти од овој проект.
Вашиот придонес
Накратко опишете го ваш
иот сопствен придонес во проектот. Кој е вашиот личен придонес во проектот?
Како автор сум вклучена во сите сегменти, планирање до реализација. Организирање средби, Обезбедување материјали. Сакав да создадеме полезен проект чии крајни продукти ќе бидат секогаш употребиви во наставата.
Планирање фестивали на наука, мерења, пресметувања, проверувања заклучоци, Одбележување на значајни датуми и многу
други пријатни и полезни обврски.
Нема











































Comments
Post a Comment